мај 3, 2026

Под мотото „Биди суперхерој за животните“ денеска во скопската Зоолошка ќе се одржи изложба со хуманитарен катарктер. 

На изложбата, што ќе биде отворена во 12 часот, ќе може да се видат уметничките дела што студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија од АУЕ- Фон ги сликаа на лице место во скопската Зоолошка, инспирирани од животните и природата.

– Секој посетител ќе може со одредена донација да стане сопственик на едно од уметничките дела на талентираните студенти, а со тоа да биде општествено одговорен и да се приклучи кон зголемување на благосостојбата на животните во ЗОО Скопје, велат организаторите. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK