мај 3, 2026

Повеќе лица се повредени денеска, кога автомобил влета во толпата гледачи за време на трка во Полска.

Возачот (27) веднаш по стартот на трката изгубил контрола над возилото, јави ТВН24 повикувајќи се на полицијата.

Трката се одржа како дел од автомобилскиот настан на аеродромот Кросно во регионот Карпатскo подножје во југоисточна Полска.

Според полицијата, повредени се најмалку 14 лица, од кои четворица потешко.

Новинската агенција ПАП јавува дека во тек е голема акција на пожарникарите и спасувачките служби, а на местото на несреќата е распореден и спасувачки хеликоптер.

Share

The post Teшка несреќа во Полска: тркачки автомобил влета во луѓе, многумина се повредени appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK