Крокодил во вир, покрај контејнер во Ниш во Србија. Ваква сцена ги вознемирила жителите кои помислиле дека се работи за живо животно и ги алармирале службите и полицијата.
„Граѓаните пријавија дека на улица во Ниш има крокодил. Екипа волонтери од Здружението Зоо Планет веднаш излезе на терен и констатира дека се работи за препарирано животно. Волонтерите ја известија полицијата, бидејќи со закон е забрането да се чуваат препарирани животни кои се загрозени и се на списокот CITES“, соопшти Зоо Планет Ниш.
Излегла и полицијата.
„Полицијата излезе на терен, спроведена е постапката и информирани се надлежните институции. Препарираното животно е преземено, а случајот е успешно расчистен. Им благодариме на сите граѓани за пријавувањето и соработката, како и на волонтерите и полицијата за брзата реакција. Доколку забележите слични случаи, задолжително пријавете ги до надлежните служби“, додаваат оттаму.
The post Крокодил на улица ги извади од памет жителите на Ниш, службите утврдија за што се работи appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
