мај 3, 2026

Капитенот на Фенербахче, Мелих Махмутоглу, му препушти на Марко Гудуриќ да го подигне трофејот наменет за осовојувачот на Евролигата. Фенербахче во финалето на завршниот турнир, во Абу Даби го победи Монако (81:70).

Во моментот кога капитенот требаше да истапи напред за да му биде врачен трофејот, имаше кратка пауза, како да не беше однапред договорено кој треба да го стори тоа.

На крајот, Махмутоглу истапи напред во цивилна облека и го прифати трофејот, но не го крена.

Бидејќи не играше на завршниот турнир, Махмутоглу одлучи да го покани Гудуриќ да го подигне трофејот.

Гудуриќ одигра одличен натпревар во финалето, во вториот дел постигна 17 од своите 19 поени.

Share

The post (Видео) Капитенот на Фенер му дозволи на Гудуриќ да го подигне трофејот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK