мај 2, 2026

Полицијата приведе 49-годишен жител на демирхисарско, кој возел под дејство на алкохол.

Според информациите на МВР, вчера во 19 часот на патот Битола-Демир Хисар полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.Р. (49) од с.Обедник, демирхисарско.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди” со демирхисарски регистарски ознаки, кое го управувал В.Р. и по преземени мерки констатирано е дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,43 промили алкохол во крвта.

В.Р. е исклучен од сообраќај, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK