мај 2, 2026

Под мотото „Пријателство без зборови – Човек и миленик“, ПетФест 2025 ќе се одржи во недела, 1 јуни 2025, во Паркот на Франкофонијата, Градски парк Скопје, со почеток во 10:00 часот. Влезот е слободен.

Учествуваат докажани професионалци од сите сфери на милениците од сите градови од Македонија и од соседството. Пет индустријата ќе ги прикаже своите достигнувања во ветеринарната медицина и фармакологија, европски и светски кинолошки шампиони, службени кучиња од единицата на МВР К9, дресура на млади кучиња, хендлинг професори, стилисти за миленици, дегустација на храна и на сокови за кучиња, добитници на награди со мачки, соколари и одгледувачи на големи папагали, автохтони македонски раси македонски паничар, шарпланинец и караман, зоолошка градина на средното ветеринарно училиште .

Целосниот настан е исполнет со многу изненадувања како: забавни игри и активности за миленичиња, едукативни работилници за деца и возрасни, награди на натпревари: Look alike, Најдремко, Опасен поглед, Изложбена Пет Арт Галерија и детско ликовно катче, Food Corner (храна и пијалоци), најавува организаторот.

Share

The post „Пријателство без зборови – Човек и миленик“: ПетФест 2025 во Паркот на Франкофонијата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK