мај 2, 2026

Дејан Милошевски – Македонец кој живее во САД и е почесен карате амбасадор на Македонија, стана првиот Македонец со добиена највисока континентална судиска лиценца Referee A од Панамериканската федерација. Станува збор за едно од најпрестижните континентални признанија во светот на карате судењето, кое обично се добива по многу години искуство, и преку пет последователни лиценци – судија Ц,Б,А, Рефери Б и Рефери А.

Милошевски беше дел од американската судиска делегација составена од 21 судии, кои ја претставуваа САД на ова историско првенство.

Милошевски дополнително, ја освои и лиценцата за кати, со што стана единствениот Македонец во историјата со европска и панамериканска судиска лиценца.

„Се подготвував со страст и визија. Сакав да бидам најдобар и да покажам од каде доаѓам. Судев неколку финалиња и со гордост кажував: Јас сум од Македонија. После овој шампионат, секој член на PKF ќе знае за Македонија“, изјави Милошевски.

Изминатата недела, на најголемото Панамериканско карате првенство досега, организирано од ПКФ – Панамериканската Карате Федерација, беше забележан рекорден број натпреварувачи 563 натпреварувачи од 28 земји, а за прв пат беа вклучени категориите У21 и Пара Карате.

Share

The post Македонец испиша историја во Америка: Дејан Милошевски добитник на највисока Панамериканска судиска лиценца appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK