мај 2, 2026

По краткорочната соработка со Јелена Рибакина, Горан Иванишевиќ се враќа на АТП турнејата!

Иванишевиќ се договорил со Стефанос Циципас за пробна работа, а нивниот прв заеднички турнир веќе ќе биде во Хале.

Иванишевиќ ќе биде единствениот тренер, а во минатото одлично зборуваше за потенцијалот на Циципас.

Гркoт, двократен вицешампион на грен слем, веќе подолго време е во пад, а на последните четири грен слем турнири вкупно има само две победи.

Циципас има 26 години и има уште многу време пред него да се врати таму каде што беше – најдобар пласман му е третото место, а во кариерата освои 12 титули.

Иванишевиќ пред Рибакина и Новак Ѓоковиќ работеше и со Марин Чилиќ и Милош Раониќ.

Share

The post Падна договор: Иванишевиќ има нова работа! appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK