мај 2, 2026

Утре, петок (30 мај) со почеток во 18:00 часот, на градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи мирен собир во знак на поддршка за Епископот Партениј.

Граѓаните ќе се соберат со цел да ја изразат својата благодарност и поддршка за неговото духовно, културно и општествено влијание, како и за неговиот придонес во развојот на Дебарско-кичевската епархија. Мнозина го сметаат за најзаслужен да го наследи митрополитското место во оваа епархија.

Верниците апелираат на достоинствено и мирно изразување на ставовите, со почит кон институциите и верските вредности.

Сите поддржувачи се добредојдени.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK