мај 2, 2026

Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува скопјани денеска во 18.00 часот на добра традиционална македонска и европска трпеза во Паркот на Франкофонијата. Герасимовски вели дека културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија” e можност за дружење, културна размена и зајакнување на заедништвото.

„Денеска, со почеток во 18.00 часот повторно го организираме настанот ‘Нож и виљушка на европска чинија’, кадешто ќе дегустираме вкусна храна и ќе слушаме добра музика од диџеј Зоки Бејбе и Наде Талевска бенд. Центар поврзува – преку храна и музика. Ве чекаме во Паркот на Франкофонија да го прославиме богатството на различности со убава трпеза и пријатна атмосфера”, истакнува Герасимовски.

Гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија” е организиран од Општина Центар и истиот е отворен за сите граѓани.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK