мај 2, 2026

Во петокот навечер, на 23 мај, беше извршено тешко вандалско дело на гробиштата во кругот на црквата „Св. Никола“ во село Подгорци. Засега непознати сторители намерно ги искршиле стаклените садови за цвеќиња поставени на речиси сите надгробни споменици.

Овој чин предизвика револт и огорченост кај мештаните, кои со почит и грижа ги одржуваат гробиштата и гробовите на своите најблиски. Очекувањата се дека надлежните институции ќе преземат мерки за откривање на сторителите и заштита на светите места во иднина.

Се повикуваат сите граѓани кои имаат информации за овој настан да се обратат до надлежните органи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK