мај 2, 2026

Полициски службеници од Кавадарци уапсиле 45-годишен маж поради сомнение дека ја вознемирувал и навредувал поранешната партнерка, информираа од Секторот за внатрешни работи Велес.

Како што потврдија од полицијата, инцидентот бил пријавен синоќа околу 18:15 часот од страна на 38-годишна жителка на Кавадарци, која навела дека Б.Н., со кого претходно била во љубовна врска, ја малтретирал со навредливи зборови и несоодветно однесување.

„По добиената пријава, лицето веднаш беше лоцирано и приведено. Случајот е документиран и по негово целосно расчистување ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од СВР Велес.

Полицијата потсети дека семејното и родовобазираното насилство останува сериозен предизвик. Според податоците на СВР Велес, во текот на 2024 година на нивното подрачје биле евидентирани 446 пријави за семејно насилство – од кои 118 за кривични дела, шест за нарушен јавен ред и мир и 322 како поплаки.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK