мај 2, 2026

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска отиде до Управата за финансиска полиција да го бара директорот.

Таа се вклучи во живо на Фејсбук барајќи одговори зошто Финаниска полиција утрово била кај раководителка во Град Скопје, наместо да постапува против градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

„Нели ви е срам да се однесувате како државата да е Ваша? Немате минимум достоинство да признаете дека сте неспособни и исплашени од криминалците на ВЛЕН кои ви се во Влада.Денес, наместо да го приведете Висар Ганиу и Изет Меџити за 150 дивоградби и криминал со милионски суми, вие се одмаздувате на Раководителот на сектор Ивана која вчера ја објавив како појаснува колкава опасност се предизвикува со ВАШИТЕ ДИВОГРАДБИ И КРИМИНАЛИ!
Што ви смета Ивана? Тоа што ви кажа дека сте довеле илјадници граѓани во опасност по живот? Што продавате станови кои утре можат да бидат комори на смрт?Што им должите на Висар и на Изет, мачиња од ДПМНЕ? Не смеете да чепнете таму па кревате чалам и се силите на жени!!! Срам да ви е…вие никаква правда нема да донесете, само ќе крадете, а полицијата и обвинителството сте ги впрегнале да ве бранат и вас, Висар Вики Ганиу и Изет.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK