Советот на општина Гази Баба предводено од советничкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница донел одлука за преименување на детската градинка „25 мај“ во населбата Ченто.
Новото име на градинката ќе биде „22 ноември“ кога е и денот на албанската азбука.
Ваков предлог за преименување на оваа градинка имаше и пред неколку години, но тогап советниците на ВМРО-ДПМНЕ (кои исто така го имаа и тогаш мнозинството) жестоко се противеа, па тогаш таква одлука не беше донесена.
Инаку, според сознанијата на 24инфо.мк на носењето одлука претходеле тензии и кавги во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Следете не, не има насекаде
