мај 2, 2026

Во гостување на ТВ24 градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска јавно кажа дека имала сериозни закани по нејзиниот живот.

„Мене ќе ме утепаат, може ќе живеам шест дена може уште шест месеци, не знам“ рече таа.

„Градоначалник на главен град да пријавува криминал и наместо да постапат органите на прогонот тие да ги заштитуваат криминалците и да ги гонат пријавителите, можам слободно да констатирам дека не заслужуваме држава“ порача Арсовска.

Таа зборувајќи за заканите за кои рече дека траат три и пол години, во еден момент и заплака додека објаснуваше.

Арсовска во последните недели влезе во директен конфликт со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу кого го обвинува за криминал и легализации на дивоградби.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK