Хрватска загуби со 0-3 од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство (СП) во Катар, па ѝ останува само битката за трето место против поразениот од дуелот Мароко – Франција.
Репрезентативецот на Хрватска, Матео Ковачиќ кажа дека никогаш не го коментирал судењето, но овој пат не можеше да премолчи.
„Тешко ми е воопшто да коментирам и да излезам пред вас. Не можам да верувам дека не ни досуди корнер, а потоа покажа на белата точка. Никогаш не сум го коментирал судењето, но ова се две кардинални грешки на судијата. Знаевме дека Аргентина ќе биде агресивна, а Меси беше неверојатен“, вели Ковачиќ.