мај 8, 2026

Во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци, вели лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари синоќа за косовската „Канал 10“.

„Ова е скандалозно и ако останевме во ВЛЕН и во Владата, како ќе ги поминеме локалните избори кои се на 12 или 19 октомври и како ќе им кажеме на граѓаните да гласаат за нас?!“, прашал Таравари.

Тој додаде и дека единствената грешка што ја направиле како ВЛЕН било што со ВМРО-ДПМНЕ брзо станале владина коалиција и со единствен услов европскиот пат.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK