мај 8, 2026

400 евра за граѓаните, 3000 евра за гувернерот?
Новиот гувернер на Народна банка, Трајко Славески, ја брани својата плата од околу 3000 евра со аргумент дека има 40 години искуство, докторски студии и дека „гладувал на Западот“. Но, кого го интересира тоа кога најголем дел од народот преживува со 400 евра месечно?

Во држава каде што медицински сестри, наставници и работници работат по 10 часа за плати кои не покриваат ниту половина од месечните трошоци, вака арогантна изјава од висок функционер не е само нечуствителна, туку и навредлива.

Искуството и образованието се вредни, но во јавната служба, посебно во сиромашна држава, вредноста не се мери само во дипломи и CV-а. Се мери и во емпатија, скромност и чувство за реалност.

Видео ТУКА

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK