мај 8, 2026

Синодот денеска избира нов митрополит за Дебарско-кичевската епархија.

Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска во 10 часот ќе одржи важна синодска седница, на која ќе се одлучува за новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Оваа епархија е без поглавар од ноември минатата година, кога на 73-годишна возраст, по кусо боледување, почина митрополитот г. Тимотеј.

За оваа висока црковна позиција засега официјално е познат само еден кандидат – јеромонахот Георгиј, кој на празникот Педесетница беше произведен за игумен на свеченост што се одржа во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Произведувањето го изврши лично архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK