мај 8, 2026

Повеќе од половина час нема струја во речиси половина Скопје.

Без струја се жителите на Аеродром, Ново Лисиче, но и Маџари, Хиподром, Стајковци, Инџиково и Јурумлери.

Додека чекаме информација од ЕВН, 24инфо.мк неофицијално дознава дека дефектот во мрежата е поврзан со голем пожар во Вардариште.

Граѓани во порака до редакцијата на 24инфо.мк велат дека во источниот дел од градот не работат ниту семафорите, па поради тоа се создаваат и гужви на одредени крстосници.

До овој момент нема најава до кога ќе трае прекинот со електрична енергија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK