Австралискиот глумец Хју Џекман и сопругата, глумицата Дебора Ли Фурнес, ја изнајмуваат луксузната куќа во Њујорк за 155.000 евра месечно. Куќата се наоѓа во местото Ист Хамтпон во Њујорк, а ја изнајмуваат преку зима, пренесе „Њујорк пост“.
Станува збор за летна резиденција со пет спални соби и купатила, одвоена гостинска куќа, вежбална, лизгалиште, базен, џакузи, кујна и трпезарија. Ја изнајмуваат за 166.666 долари или околу 155.000 евра месечно. Куќата ја купија во 2015 година за 3,5 милиони долари, а ја преуредуваа шест години.
Имотот им е сместен на самото атланско крајбрежје. Во август минатата година потрошија 22,1 милиони долари за гламурозен пентхаус во Њујорк, а ја продаваат и зградата со три независни резиденции во Вест Вилиџ, за која бараат 38,9 милиони.
The post (Фото) Хју Џекман изнајмува луксузна куќа во Њујорк за 155.000 евра месечно appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде