мај 8, 2026

Утрово, на регионалниот пат Кичево–Охрид, во близина на селото Ново Село, општина Дебрца, се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествувале камион на градежна компанија и патничко моторно возило со тетовски регистарски ознаки.

Несреќата е дел од низата сообраќајки кои изминатиов период го потресуваат овој дел од земјата, каде што интензивно се одвиваат градежни работи на трасата од новиот автопат. Засега не е познат точниот број на повредени лица, ниту нивната состојба, но според очевидци, материјалната штета е значителна.

На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски екипи и итна медицинска помош. Патот беше привремено затворен за сообраќај додека траеа увидот и отстранувањето на возилата.

Повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот од страна на МВР.

Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK