мај 8, 2026

Денеска (13.06.2025) во 03.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Бардовци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Ѓ.(36) од с.Бардовци.

„Од пожарот било зафатено и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Н.(67) од Скопје. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK