септември 22, 2024

Бугарскиот вршител на должност министер за надворешни работи, Николај Милков синоќа нагласи дека отворањето конзулат во Република Северна Македонија „е сложена и политичка работа“.

Неговата изјава беше дадена како одговор на прашање на пратеник на седница на собраниска Комисија за надворешна политика во бугарскиот Парламент.

-Тоа е сложена и политичка работа. Треба да се разговара со тамошните власти. Немаме намера да излеземе со таква одлука. Таков потег нека преземе редовната влада, потенцира Милков.

Во однос на генералниот конзул во Битола, министерот Милков објасни дека неговиот мандат истекува на 15 јануари.

-На негово место ќе има привремен вршител на должност, бидејќи македонската страна во оваа фаза нема издадено егзекватура за нашиот нов генерален конзул, кој одамна е решен да си замине. Таа работа се прави со месеци, објасни Милков.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK