мај 8, 2026

Вчера околу 12.15 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на кружниот тек на плоштад „Илинден“ во Свети Николе, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(31) од Свети Николе, удрило во пешакот П.Л.(71) од Свети Николе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа Свети Николе. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе, соопшти МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK