мај 8, 2026

Вчера попладнево на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Групчин, избувнал пожар во товарно моторно возило „Рено“ со гостиварски регистарски таблички. Според информациите, камионот се запалил при движење, при што возачот бил повреден и пренесен во болница.

Според портпаролот на СВР Тетово, Томислав Наумовски, во 20:00 часот било пријавено дека во близина на Добарски мост било опожарено товарното возило управувано од Б.М. (32). Повредениот возач бил веднаш транспортиран со возило на Брза помош во Клиничката болница Тетово.

Благодарение на брзата реакција на Територијалната противпожарна единица Тетово, пожарот бил изгаснат. На терен интервенирале пет пожарникари. Командирот на тетовската противпожарна служба, Авни Амети, изјави дека интервенцијата започнала веднаш по пријавата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK