септември 22, 2024

Ова е прво прекршување на територијалните води извршено оваа година.

Кинеските бродови ги прекршија националните територијални води на Јапонија во околината на спорните острови Сенкаку во Источно Кинеско Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на штабот на крајбрежната стража во Наха, јапонската префектура Окинава, четири безбедносни бродови на Кина ги прекршиле територијалните води на Јапонија.

Кинеските бродови влегле во јапонските територијални води на околу 20 километри југозападно од островот Утсури кој се наоѓа во рамки на спорните острови Сенкаку.

Крајбрежната безбедносна служба на Јапонија упати предупредување до кинеските бродови да ја напуштат зоната. Ова е прво прекршување на територијалните води извршено оваа година.

– Спорните острови

Во Источното Кинеско Море, архипелагот наречен Сенкаку од Јапонија и Дијаоју од Кина, се состои од пет острови и три гребени.

Ненаселените острови, кои се во сопственост на Јапонија, долго време се извор на спор околу нивниот суверенитет.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK