септември 22, 2024

Во бурните дождови во Калифорнија загинаа 17 лица, а петгодишно дете се води за исчезнато.

Во бурните дождови во Калифорнија загинаа 17 лица, едно петгодишно дете се води за исчезнато, а властите наредија евакуација на многу области, пренесоа во средата агенциите.

Поројните дождови во последните два дена паднаа на земја натопена со вода и предизвикаа големи поплави, откорнати патишта, излевање на патишта и прекин на сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија, а на места автомобилите беа однесени од порои.

Бројот на жртвите од невремето во последните недели се искачи на 17, што е повеќе човечки животи отколку што одзедоа пожарите во изминатите две години, соопшти кабинетот на гувернерот Гевин Њусом.

Најмалку 34.000 луѓе беа замолени да ги напуштат своите домови.

„Нашето страдање не е завршено. Очекуваме невремето да продолжи до 18 јануари“, рече гувернерот на прес-конференција.

„Досега е потврдена смртта на 17 лица“, рече тој, но бројот на жртви може да биде поголем.

Во гратчето Пасо Роблс, на половина пат меѓу Лос Анџелес и Сан Франциско, петгодишно момче во понеделникот било однесено од вода и се води како исчезнато, објави шерифот. Поплавата го заробила автомобилот во кој бил со мајка му, која ја извлекол сосед. Властите мораа да ја прекинат потрагата во понеделникот поради невремето.

Во Бејкерсфилд двајца возачи загинаа кога дрво падна на патот, објави Лос Анџелес Тајмс.

Во вторникот, околу 110.000 домаќинства и бизниси останаа без струја, според страницата PowerOutage.

Националната метеоролошка служба (NWS) соопшти дека по краткото одморање во вторник навечер, ново невреме ќе ја погоди Калифорнија со дожд до 18 сантиметри на северот на таа американска држава.

#BREAKING
Major Damage reported as massive swell batters piers and homes in Santacruz #flooding #Flood #santacruz #California #Californians #Californiastorm #Weather pic.twitter.com/L19jQs7stq

— Crime With Bobby (@bobbywellison) January 6, 2023

Калифорнија беше погодена од бура „атмосферска река“ – огромна струја на густа влага во воздухот што доаѓа од океанот, феномен што не е забележан од 2005 година, според NWS.

Северно од Лос Анџелес, во близина на Санта Барбара, крајбрежната општина Монтесито, дом на многу ѕвезди и познати личности, вклучително и принцот Хари и Меган Маркл, на жителите им беше наредено да се евакуираат во понеделникот.

Таа енклава, каде актерката Џенифер Анистон и ТВ водителката Опра Винфри имаат луксузни вили, всушност е микрокосмос на крајностите на кои е изложена Калифорнија, која трпеше децении суша.

Пред пет години огромен пожар ги зафати планините околу Монтесито а резултатот од уништената вегетација е свлечиштето.

Во јануари 2018 година, 23 лица загинаа во одрони од кал предизвикани од дождовите.

Во понеделникот, телевизиската водителка Елен Деџенерис , која исто така живее во Монтесито, објави видео од свлечиштето на Твитер.

Montecito is under mandatory evacuation. We are on higher ground so they asked us to shelter in place. Please stay safe everyone. pic.twitter.com/7dv5wfNSzG

— Ellen DeGeneres (@EllenDeGeneres) January 9, 2023

Евакуација беше наредена и во други региони, како што е округот Санта Круз во близина на Сан Франциско.

Иако е тешко да се воспостави директна врска помеѓу низата од овие бури и климатските промени, научниците редовно објаснуваат дека затоплувањето на планетата ја зголемува зачестеноста и интензитетот на екстремните временски настани.

Минатонеделното невреме веќе им ја исклучи струјата на илјадници жители, предизвика големи поплави и лизгање на земјиштето, само неколку дена по поројниот дожд на самата Нова година.

Сепак, тие исклучителни дождови нема да бидат доволни за да се наполнат резервите на вода во Калифорнија, бидејќи ќе бидат потребни неколку зими со исклучително високи количини на дожд, велат експертите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK