декември 27, 2024

Колумбиската пејачка Шакира објави нова песна во која ги исмеа Жерар Пике и неговата нова девојка. Фановите на пејачката велат дека Шакира претходно никогаш не била толку сурова кон својот поранешен партнер и дека сака да го повреди со песната.

„Волчица како мене не е за дечиња како тебе. Те надраснав, па затоа си најде девојка која е иста како тебе. Јас вредам колку две 22-годишни. Ти посакувам сè најдобро со мојата замена, ама ти замени ‘ферари’ за ‘твинго’, замени ‘ролекс’ за ‘касио’… Цело време вежбаш, можеби треба да го повежбаш малку и мозокот“, пее Шакира.

Пејачката и фудбалерот раскинаа во 2022 година по 11 години врска, од која имаат два сина – Милан и Саша. Набргу потоа Пике почна да излегува со новата девојка, Клара Чиа Марти. Но, пред неколку дена во јавноста се појави видео од 2011 година, од семејниот дом на Шакира и Пике, на кое се гледа дека таму е и Клара. Видеото е направено десет месеци пред Пике и Шакира да раскинат, во време кога пејачката со синовите била во Америка.

По раскинувањето, Шакира испеа две песни за Пике, Te Felicito и Monotonia, но во двата текста пее дека никој не е крив за крајот на нивната врска.

The post (Видео) Шакира го исмеа Пике во новата песна: Замени „ферари“ за „твинго“, јас вредам колку две 22-годишни appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK