Габриел Ескобар има јасна порака.
Американскиот специјален пратеник Габриел Ескобар денеска изјави дека Заедницата на српските општини е законска обврска на Приштина и дека таа не може да ја избегне оваа одговорност.
ЗСО е меѓународно-правна обврска на Косово, Србија и ЕУ кои го водеа процесот и ние решивме да го поддржиме. Затоа, партија или поединец не може да бега од таа одговорност – рекол Ескобар, пренесува Коха.
Тој додаде дека слушнал многу конструктивни предлози од граѓанското општество, мултиетничка група која сака да се формира ЗСО, како и истражувачки организации кои предложиле како ЗСО може да функционира без да се загрози функционалноста на Косово или Уставот и законите.
– Ова се партнерите што ќе ги барам за да ни помогнат да создадеме некои идеи и да го демистифицираат и ублажат дел од стравот што луѓето може да го имаат кога станува збор за спроведувањето на овој договор – рече Ескобар.
Следете не, не има насекаде