мај 9, 2026

Фудбалерите на Манчестер sити го започнаа Светското клупско првенство со победа. Фил Фоден се истакна со гол и асистенција, додека Рајан Шерки и Тијани Рејндерс дебитираа за „граѓаните“.

Фудбалерите на Сити релативно лесно излегоа на крај со Видад Казабланка. Натпреварот на „Линколн Фајненшл Филд“, во Филаделфија заврши со резултат 2:0 (2:0).

Фудбалерите во светло сини дресови рутински ја завршија својата работа на почетокот од натпреварувањето, а имаа и мала помош од своите ривали. Постигнуваа голови на почетокот и на крајот од првото полувреме. Поведоа во втората минута со голот на Фил Фоден, по слабата интервенција на мароканскиот голман.

Фоден имаше и заслуга за вториот гол на Сити. Тој изведе корнер во 42-та минута, одбраната на Видад беше лошо поставена, тоа го искористи Џереми Доку и ја дуплираше предноста.

Победникот на Африканската лига на шампиони во 2022 година им пружи достоен отпор на фаворизираните Англичани, но не успеа да постигне ниту почесен гол.

На крајот од натпреварот, англискиот тим остана со еден играч помалку. Директен црвен картон му беше доделен на младиот дефанзивец Рико Луис поради опасна игра.

Погледнете го тој момент од гледна точка на судијата, односно неговата камера.

Share

The post (Видео) Рутинска победа на Сити над Видад Казабланка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK