мај 9, 2026

Човек од Сан Франциско доживеа целосен пресврт во животот.  На 5 март, Риви Зејдан одлучил да купи лото ливче за да „убие време и малку да се забавува“. Немал поим дека оваа безопасна одлука ќе му донесе профит од дури два милиони долари.

Според Калифорниската лотарија, Зејдан го купил лозот за 20 долари во продавница во близина на Union Square. На многумина им се допадна тоа што продавницата се наоѓа веднаш спроти кафулето наречено „Good Luck Café“.

„Го прочитав бројот двапати и бев убеден дека освоив 2.000 долари“, рече тој. Но, кога повторно ја погледнал хартијата, нешто го вознемирило, имало премногу нули.

„Почнав да бројам – една по една. И тогаш бев навистина шокиран“, рече тој.

Призна дека до последен момент му било тешко да поверува дека тоа навистина му се случило.

Зејдан изјавил дека парите ќе ги искористи за да си ја исплати хипотеката и додал дека оваа неочекувана добивка му донела душевен мир.

Share

The post „Ги броев нулите една по една“ – добитник на лото од САД не можел да поверува што му се случило appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK