Централниот кварт Шевченковски во Киев беше погоден од експлозии во средата рано наутро, изјави градоначалникот на главниот град Виталиј Кличко.
„Службите за итни случаи се испратени“, рече тој на Телеграм, додавајќи дека ќе има повеќе детали.
ЕКСПЛОЗИИ ОДЕКНУВААТ ВО ЦЕНТАРОТ НА КИЕВ: Јато ДРОНОВИ го нападнаа главниот град, овие зборови се напишани на соборениот ДРОН
Олексиј Кулеба, гувернерот на регионот Киев, изјави дека системите за противвоздушна одбрана се оперативни, пренесе „Гардијан“. Мапите за вонредни состојби покажуваат дека главниот град и околниот регион биле под предупредување за воздушен напад околу 20 минути пред експлозиите.
Британската амбасадорка во Украина Мелинда Симонс на Твитер изјави дека „надвор се слушаат експлозии“.
Градската управа соопшти дека во денешниот напад на Киев се оштетени две административни згради, како и три станбени. Засега нема информации за можни жртви. Исто така, се уште не е познато дали нападот утринава предизвикал нова штета на енергетскиот систем во регионот на Киев.
„Нападот извршен по стемнување“
Портпаролот на воздушната одбрана Јуриј Инхат изјави дека нападот бил извршен откако ќе се стемнило за да биде потешко да се погодат беспилотните летала, но дека украинската противвоздушна одбрана е ефикасна.
Инхат додаде дека вкупниот број на беспилотни летала лансирани денеска се уште се проверува и дека Русија од средината на септември користела околу 400 такви ДРОНОВИ.
„Сите 13 дронови соборени“
Украина тврди дека ги соборила сите ирански беспилотни летала лансирани од Русија во средата рано наутро во главниот град Киев и околината.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео на „Телеграм“ во кое им се заблагодарува на своите сили за противвоздушна одбрана што собориле 13 од вкупно 13 беспилотни летала.
„Утринава терористите лансираа 13 шахиди (дронови)… Сите 13 беа соборени од нашите сили за воздушна одбрана. Браво момци. Горд сум“, рече Зеленски и предупреди да не ги игнорираат предупредувањата за воздушни напади.
Во последните неколку недели, Украина е сè поуспешна во пресретнувањето на руските воздушни напади врз нејзината енергетска инфраструктура, пишува Гардијан. За време на последниот голем напад на 5 декември – чија цел беа цели низ целата земја, вклучително и Киев – 60 од 70 проектили истрелани од Русија беа соборени.
Дроновите биле напишани „за Рјазан“
Новинарката на „Гардијан“ Изобел Кошив јави дека неофицијален канал на „Телеграм“ објавил слика од нешто што изгледа како дел од соборен дрон со натпис „за Рјазан!!! напишано на руски.
Весникот потсетува дека воената воздухопловна база во градот Рјазан на северот на Русија била нападната на 5 декември. Рускиот бомбардер Ту-95, кој се користел за напади врз Украина, потоа бил оштетен, а тројца војници во базата биле убиени, соопшти руското Министерство за одбрана.
Русија соопшти дека нападот бил извршен со дрон. Украина не ја презеде одговорноста за ова, но нејзините противвоздушни сили објавија слики по нападот со натпис: „Рјазан. Почивај во мир“.
Свитлана Водолага, портпаролка на спасувачките служби на Киев, во средата наутро за украински „Громадске“ изјавила дека на едно од беспилотните летала пишува „за Рјазан“.
Следете не, не има насекаде