мај 9, 2026

Поради сообраќајна несреќа, денеска е целосно во прекин сообраќајот на патниот правец Бошков Мост – Дебар, информираат од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје.

Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот и нормализирање на сообраќајот. Засега нема информации за повредени или за причините што довеле до несреќата.

До возачите се апелира да користат алтернативни правци и да бидат претпазливи при движење во овој регион.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK