мај 9, 2026

Атлетико Мадрид го победи Сиетл со 3:1, а Ботафого го шокира ПСЖ во второто коло на Светското првенство за клубови.

Централна фигура на дуелот меѓу Атлетико и Сиетл беше Пабло Бариос. 21-годишникот постигна два гола во победата 3:1. Бариос погоди во 11. и 55.минута. Гол за Атлетико постигна и Витсел во 47., а единствениот гол за Сиетл е дело на Русник во 50.минута, по грешката на Ле Норман.

Во вториот меч Ботафого го шокира актуелниот европски првак ПСЖ со победата 1:0.

Бразлците славеа со голот на Игор Жесус во 36.минута и со шест бода се лидери во групата.

Во последното коло Ботафого ќе игра против Атлетико, а ПСЖ против Сиетл. За пласман понатаму можно е да биде формиран круг од три екипи.

Share

The post (Видео) Ботафого го шокира ПСЖ, Атлетико лесно се справи со Сиетл appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK