декември 26, 2024

 Портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Франсоа Делмас денеска упати апел до белоруските власти за ослободување на сите неправедно притворени политички затвореници.

– Го осудуваме продолжувањето на репресијата, што сè повеќе ги погодува мажите и жените ангажирани во граѓанското општество, репресија врз тие кои сакаат слободни избори, посочи Делмас.

Тој истакна дека со „континуираното зајакнување на репресијата врз слободните медиуми Белорусија ги крши преземените меѓународни обврски“.

Апелот на Париз уследи откако на 9 јануари во Минск почна судски процес против неколку вработени во информативниот сајт на независни белоруски медиуми „Тут.би“ (Tut.by), меѓу кои и главната уредничка Марина Золотова и генерална директорка на порталот Људмила Чекина.

Судскиот процес се одвива зад затворени врати.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK