мај 9, 2026

На 24.06.2025 во 04.00 часот во с.Слепче, демирхисарско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.П.(67) од с.Слепче.  При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени еден пиштол, три пушки, 143 куршуми различен калибар,рамки за куршуми, документи и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицето било приведено во полициска станица Демир Хисар и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK