декември 26, 2024

Поранешната најдобра светска тенисерка, Наоми Осака објави дека е трудна неколку дена откако го откажа настапот на Отвореното првенство на Австралија. Таа од 2019 година е во врска со американскиот рапер Кордае, но двојката ретко се појавува заедно во јавноста, а дваесет и петгодишната Јапонка не го спомена во објавата.

„2023 ќе биде година полна со лекции за мене. Една од работите што едвај ги чекам е моето дете да гледа еден од моите натпревари и да каже: ‘Тоа е мајка ми‘“, напиша Осака на Твитер и објави слика од ултразвукот.

Таа додаде и дека нема да игра тенис во 2023, но дека планот ѝ е да настапи на Австралија опен во 2024 година.

Таа ја освои последната од своите четири гренд слем титули во Австралија во 2021, по што отворено почна да зборува за своите ментални проблеми кои произлегоа од притисокот на јавноста и успехот. Во мај таа година се повлече од Ролан Гарос и потоа направи петмесечна пауза од тенисот.

Минатата сезона, најдобриот резултат на гренд слем турнирите ѝ беше третото коло во Австралија, поради што падна на 47. место на ВТА-листата.

The post Наоми Осака објави дека чека бебе откако го откажа учеството на Австралија опен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK