мај 9, 2026

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на НАТО самитот во Хаг се сретна со американскиот претседател Трамп. Заедно со министерот со надворешни работи Тимчо Муцунски се ракуваа со Трамп, а дополнително и беа сликани. Таа за новинарите раскажа дека со Трамп бил и потпретседателот Џеј Ди Венс, но наместо со вистинското име таа го нарече Диџеј Венс. Во делегацијата на САД и во придружба на Трамп всушност е државниот секретар Марко Рубио.

Во видеото објавено од „ТВ21“ Сиљановска дополнително додаде дека потпретседателот на САД се познава со Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи, а дополнително најави дека е можно Венс да ја посети Македонија.

  1. „Јас му кажав дека сум македонска претседателка, и тој имаше интересна реакција, зборувам за говорот на телото. Му реков дека е најважно да се сочува мирот“, рече Сиљановска-Давкова. Видео ТУКА
Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK