декември 26, 2024
„Користејќи ги записите што се водат од 1958 година, анализата утврди дека постои незапирлив пораст на температурата на океаните, со забрзување на затоплувањето по 1990 година“.

Светските океани во 2022 година биле најтопли досега, покажува новото истражување.

„Енергетските и водните циклуси на Земјата се длабоко изменети поради емисијата на стакленички гасови од човечките активности, предизвикувајќи продорни промени во климатскиот систем на Земјата“, се вели во извештајот на меѓународна група научници објавен во списанието „Aдвансес ин атмосферик сајансес“ (Advances in Atmospheric Sciences).

„Затоплувањето на океаните доведе до поекстремни временски услови… и тоа има огромни последици низ целиот свет“, рече Џон Абрахам, професор на Универзитетот во Сент Томас, САД, кој беше дел од истражувачкиот тим.

„Користејќи ги записите што се водат од 1958 година, анализата утврди дека постои незапирлив пораст на температурата на океаните, со забрзување на затоплувањето по 1990 година“, објави британскиот дневен весник „Гардијан“ (The Guardian).

„Бидејќи океаните апсорбираат над 90 отсто од вишокот топлина создадена од емисиите на стакленички гасови, затоплувањето на океаните и неговите ефекти врз екстремните временски услови ќе се зголемат додека човештвото не се приближи до нето нула емисии“, се вели во извештајот.

Наодите се базираат на извештајот на Светската метеоролошка организација (СМО) минатиот октомври, кој покажа дека атмосферската концентрација на трите главни стакленички гасови – јаглерод диоксид, метан и азотен оксид – достигнале рекордно ниво во 2021 година.

„Податоците за постојаниот пораст на концентрациите на главните гасови што ја задржуваат топлината, вклучително и рекордното забрзување на нивоата на метан, покажуваат дека се движиме во погрешна насока“, рече челникот на Светската метеоролошка организација, Петери Талас.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK