мај 9, 2026

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум.

Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци, Струшко. Денес, токму на празникот Св. Наум, повторно е регистриран вандализам на месните гробишта – втор ваков инцидент во последните два месеца.

Жителите се шокирани и револтирани, особено бидејќи МВР сè уште не ги има откриено сторителите од претходниот напад. Тие велат дека чувството на несигурност расте, а почитта кон покојните е сè повеќе нарушена.

Граѓаните бараат побрза реакција од институциите и поставување на видеонадзор како превенција против идни вандалски акти.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK