септември 22, 2024

 Крикет федерацијата на Австралија соопшти денеска дека ги откажала предвидените три натпревари против Авганистан во знак на протест поради ограничувањата кои талибанските власти ги воведоа за правата на жените.

„Оваа одлука следи по неодамнешната најава на талибанците за нови ограничувањата во врска со можностите за образование и вработување на жените, како и нивното право на пристап во јавните паркови и спортските сали“, се наведува во соопштението.

Селекциите на Австралија и Авганистан требаше да одиграат три натпревари на територијата на Обединетите Арапски Емирати во март, а одлуката за нивно откажување е донесена по консултации со австралиската Влада.

„Ние ќе продолжиме да соработуваме со Крикет федерацијата на Авганистан и се надеваме на подобрување на условите за жените и девојчињата во таа земја“, соопшти австралиската страна. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK