мај 8, 2026

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете

На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео за кое, според неофицијални информации, се тврди дека прикажува родител во физичка и психолошка пресметка со сопственото дете. Иако причините сè уште не се потврдени, постапката предизвика лавина од реакции и осуда во јавноста.

Многумина апелираат дека доколку некое дете навистина направи прекршок, постојат надлежни институции што треба да реагираат, а не да се применува сила или омаловажување.
„Во нормални држави, за вакво однесување следува сериозна правна одговорност – па дури и затвор. Семејни проблеми не се изговор за насилство“, реагираат граѓани.

Загрижени граѓани повикуваат видеото да се пријави до надлежни служби и инсистираат на правна разрешница.
„Ниту еден човек нема право да постапува така – а уште помалку кога станува збор за дете. Ова не е Римско царство, ова е 21-ви век“, се наведува во една од објавите.

Инцидентот, кој наводно се случил во струмичкиот регион, ги отвора повторно прашањата за психичкото здравје, насилството во семејството и злоупотребата на родителската моќ.

Апел до сите: Доколку имате информации или сте сведоци на слични настани, пријавете веднаш – за да спречиме трагедии и за да се заштитат најранливите.Видео ТУКА

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK