мај 8, 2026

Пожар од големи размери денеска ја зафати индустриската зона кај Визбегово, при што целосно изгоре фабрика за сладолед.

Од магацинот на фабриката се слушаа и експлозии.

Покрај фабриката, во пожарот изгоре и едно комбе кое се наоѓало во близина. На терен се повеќе противпожарни екипи, а локалните власти апелираат за внимателност и повикуваат на дополнителна поддршка.

Огнот брзо се прошири поради силниот ветер, а пожарникарите сега се борат да го спречат да стигне до спортскиот аеродром Стенковец, кој е под сериозна закана.

Ситуацијата се следи со загриженост, додека чадот и пепелта се шират низ поширокиот дел од Скопје.

извор 4NEWS.mk

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK