мај 8, 2026

Со црковни церемонии претстојниот викенд во Охрид ќе биде востоличен новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј. По тој повод Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, ги повикува верниците верниците да земат молитвено учество во големите и настани.

-Почитувани верни чеда на Македонската православна црква Охридска архиепископија,
Со неискажлива духовна радост, ве покануваме да земете молитвено учество во големите и бележити настани на нашата Света Црква: Наречение на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј – на 12 јули, во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид, со почеток во 17 часот; Божествена литургија со хиротонија и востоличување на новиот митрополит Георгиј – на 13 јули, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 8:30 часот. Овие благословени собитија се од непроценлива важност за сета полнота на нашата Света Македонска Црква, се вели во соопштението од МПЦ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK