мај 8, 2026

ФК Вардар вечерва од 20:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го започнува својот настап во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, со дуел против тимот Ла Фјорита од Сан Марино.

Според последните проценки од меѓународни спортски аналитичари и обложувалници, Вардар има 78% шанси за победа, 15% за нерешен резултат и 7% е можноста за победа на Ла Фјорита.

Овие бројки се базираат на анализи од „Типс.ГГ“,  „Сокербетс365“ и „Форбет“ , кои ги земаат предвид формата на тимовите, историските резултати, статистиката од последните натпревари и обложувачките коефициенти.

Вардар влегува во натпреварот со импресивна форма — 7 победи во последните 10 натпревари, додека Ла Фјорита има само 1 победа и четири порази во последните пет европски меча.

Share

The post Вардар има 78% шанси за победа вечерва против Ла Фјорита, велат спортските аналитичари appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK