мај 8, 2026

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, државјани на Република Албанија, за кои се обезбедени докази дека ловеле риба со мрежа во води во кои е забранет риболов, во Охридското Езеро на околу 6,5 километри од месноста Свети Стефан.

На 4 јули биле затекнати во кајче на наведената локација, со висечка рибарска мрежа и уловени три парчиња охридска пастрмка, со што како соизвршители сториле кривично дело – Незаконит риболов од член 229 став 1 од Кривичниот законик.

Со поднесеното обвинение, јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK