мај 8, 2026

Денеска (11.07.2025) околу 10.15 часот во СВР Скопје е пријавено пукање во близина на влезот на селото Батинци, скопско.

Според пријавата, едно лице употребило огнено оружје и пукало кон друго лице, кое се здобило со повреди. Повредениот бил префрлен во здравствена установа, каде му е укажана медицинска помош.

Полицијата изврши увид на местото на настанот, а работи на расветлување на случајот и идентификување на сторителот. Во тек е истрага за утврдување на мотивите и околностите под кои дошло до пукањето.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK