мај 8, 2026

До денешниот физички напад во Чаир, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска замина на лекарски преглед во ГОБ „Осми Септември“.

По излегувањето од болницата, таа пред новинарите објасни што се случило денеска и раскажа детали за нападот.

„Физички ме нападна со тепање, со замавнување, со клоци, со закани од најдолен вид, за силување, за мене, за семјството пред очите и ушите на полицијата. Наместо да го приведат, му дозволија пола час да навредува, се собраа десетина луѓе, плукаа. Ја нападнаа и советничката и секретарот на Градот“ рече Арсовска.

Таа додаде дека полицијата не интервенирала и не го упасила лицето кое било предводник на нападот.

Арсовска кажа и дека не се чувствува безбедно и додаде дека „ништо во оваа држава не функционира“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK