мај 8, 2026

Почитувани сограѓани,

Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба.

Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што наша обврска е да се грижиме за сите, да го вратиме нормалното секојдневие и да покажеме дека заедништвото се гради со храброст и заедничка работа, а не со запирање на животот.

Оваа одлука, иако донесена со добри намери и по консултации, ја преиспитувам, водејќи се од вашите емоции и потребата да се движиме напред.

Со срце и душа за Кочани!

Венко Крстевски
в. д. градоначалник
на Општина Кочани

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK